пена
мн. пени
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 3070
1.
Меурчиња што се образуваат на површината на течноста.
Примери:
Пена од пиво.
Пена од сапун.
Морска пена.
2.
минерал
Вид: минерал (м.)
3.
Плунки со меурчиња.
Англиски:
spittle
Албански:
pshtym me shkumë
Му се појави пена на устата.
Коњот е сиот в пена.
Слично со:
плунка (ж.)
Изрази
Со пена на устата - полн со злоба.
Устата му фати пена - безуспешно докажува некому нешто со факти.