перспектива
мн. перспективи
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 2279
1.
Сликарско прикажување на предметите на површина на начин да изгледаат како во стварноста.
2.
Дел од нацртната геометрија којшто ги проучува правилата за прикажување на телата со помошта на нивното централно проицирање на површина.
3.
Поглед во далечина, на далечни предмети.
Англиски:
perspective view
Албански:
shikim në largësi
Слично со:
изглед (м.)
4.
Изгледи за иднина, надежи, можности за постигање некоја цел.
Примери:
Перспективи за понатамошен развој.
(разг.) Во перспектива - во иднина.
Изрази
Птичја перспектива - од висина на летот на птиците, од високо, одозгора.