песна
мн. песни
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 269
1.
Творба за пеење.
Примери:
народна песна
Викни една песна.
хорска песна
јуначка песна
жетварски песни
шеговити песни
црковни песни
Стара песна на војната.
Му извадиле песна.
2.
Таква творба во моментот на исполнувањето; самата мелодија.
Примери:
Се слуша песна.
далечна песна
Роден за песна.
Слично со:
мелодија (ж.)
4.
Помала стихотворба, со лирски карактер.
Примери:
песните на Рацина
збирка песни
5.
Дел од епос; составен дел од некои народни епоси.
Примери:
Првата песна на „Илијада“.
Песната за Роланд.
Изрази
(посл.) Песната (и приказната) стопан (сајбија) нема.
Сè таа (сè една и иста) песна ја пее, старата песна ја пее - зборува, прави, работи сѐ едно исто.
(разг.) Лебедова песна (на некого) - последна или претсмртна творба, последна пројава на својот талент.
Си ја испеа песната - заврши неговата кариера, неговиот живот.
(разг.) Песна над песните - за литературно дело со големо значење.