а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

песок

мн. песоци
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 1787
1. Маса од ситни каменчиња.
Англиски: sand Албански: rërë, zall
Примери:
речен песок, морски песок, пустински песок
ситен песок, зрно песок
Под нозете крцкаше песок.
2. градежен материјал
Англиски: sand Албански: rërë, zall
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
Зидарите сеат песок и прават малтер.
3. Ситен, тврд талог во бубрегот кај човекот.
Англиски: stone Албански: rërë, gur
Употреба: Медицина
Примери:
Песок во бубрезите.
Изрази
Како песокот во море - многуброен.
Тура песок в море - работи залудно.
Му фрли песок (пепел) в очи - замајува.
Гради (прави кули) на песок - прави нешто краткотрајно, несигурно.
Жив песок - голема тешкотија што се влошува, безизлезна положба.
Изведенки
песок ж.
песокта
Пример: (нар.поез.) Дробната песок број нема. Го исфрлил на песокта.