пипало
мн. пипала
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 12343
1.
Кај некои нижи животни, инсекти, полипи и друго: орган со кој се фаќаат за предметите или ловат храна.
Примери:
пипалата на октоподот
2.
Тенок извиен израсток кај некои растенија со кој се крепат.
3.
Лице или организација што работат за други.
Примери:
Тој ги пуштил своите пипала длабоко во системот.
Изрази
Пушти пипала - полека освојува нешто, се вовлекува некаде.