а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пипер

пиперот
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 5089
1. Растение што се користи за јадење или како зачин.
Латински: Piper capsicum Англиски: pepper Турски: biber Албански: spec, biber
Употреба: Ботаника , Гастрономија
Примери:
црн пипер (Рiper niger)
див пипер (Polygonum persicaria)
црвен пипер
(разг.) Колку ви е пиперот?
2. лут човек
Албански: spec djegs, hidhërim
Употреба: Преносно значење
Примери:
Лут како пипер.
Изрази
(посл.) На секоја маица црн пипер се чини.
(посл.) Вистината е (понекогаш) како пипер в очи.
Му толчи пипер на (врз) глава - претерано советува, додева со нешто, мачи.
Изведенки
1. пиперец м.
мн. пиперца
хип.
2. пиперче ср.
мн. пиперчиња
дем. и хип.