платен
платени
Вид збор: Придавка
Ранг: 4867
1.
Што се плаќа.
Примери:
платен годишен одмор
(разг.) Како потврда за плаќањето: платено.
Спротивно од:
неплатен (прид.)
2.
Што работи за плата.
Примери:
платен функционер
3.
поткупен
Примери:
платени убијци
4.
Што се однесува на плата.
Примери:
платен список
платна листа
Изрази
Платен биланс - евиденција, салдо на сите побарувања и долгови на една земја спрема странство во одреден период.
Платен промет - сите плаќања што се вршат со посредство на банките.