а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

плаши

плашат; плашел
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 471
1. Задава страв.
Англиски: frighten Српски: плашити Албански: frikësoj, tremb Бугарски: плаша
Примери:
Мене ли ќе ме плашиш?
Нѐ плашат неговите постапки.
2. За дивеч, птица - тера, гони.
Англиски: shy away Албански: frikëson, ndjek
Примери:
Цел ден врапци плашел.
(разг.) Деца плаши.
3. (се плаши) Има страв.
Англиски: afraid Албански: frikësohem
Примери:
Не му се плашам.
Коњот се плаши.
(разг.) Се плаши од сенката.
4. (се плаши) Загрижен е.
Англиски: worry Албански: shqetësoj, brengos
Примери:
Се плашам за неговото здравје.
Изрази
Ми се плаши окото - претчувствување несреќа, неуспех, се сомневам.