а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

плени

пленат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 6166
1. Присвои како плен, зароби, освои; земе во пленство.
Англиски: conquer Албански: pushtoj, zaptoj
Примери:
Војската го плени селото.
Војниците сета печалена мака ја пленија, ги пленија коњите и дивееја по селото.
2. воодушеви, восхити
Албански: impresionoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Убавините на Охрид ги пленија странските посетители.
Тој ги плени сите со своето неуморно рабитење, пожртвуваност и хуманост.
3. украде, одземе, ограби
Англиски: kidnap Албански: grabis, vjedh
Примери:
Дедото го плениле арамиите.
Изведенки
1. пленува несв.
пленуваат
2. пленување ср.
глаг. им.