плик
мн. пликови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 4857
1.
Хартија превиткана и залепена со капак, да може да се стави во неа друга хартија, пари, писмо и сл.
Примери:
Ги отпечати пликовите со адреси.
Купи плик со хартија и марка.
На пликот залепи марка, ја напиша адресата и го пушти во поштенското сандаче.
плик со пари
Слично со:
коверт (м.)