по
Вид збор: Префикс
Ранг: 43895
1.
Претставка / префикс за образување глаголи со значење на извршено дејство во мала мера, донекаде, малку или уште малку.
побере, повари, повози, погрее
подржи, почека, послезе, постегне
2.
Почеток на глаголското дејство.
побуни, поведе, повлече, полета (авион и сл.)
потера, потрча (по некого, по нешто)
3.
Извршеност на дејството.
побара, повика (некого)
подели, покани, понуди, пофали
4.
Дејство извршено по површината на нешто.
погази, погали, покрие
полее, попрска, посипе, потури
5.
Кога дејството се однесува на повеќе лица или предмети.
полегне, посегне, поникне, попадне
потруе, посече, потепа (сите, сѐ)
6.
Во состав на префиксиран глагол, означува дека дејството на првично префиксираниот глагол е извршено уште во некоја мера.
подоближи, позаврзе, поизвади
поисплакне, понамести, поразгори
7.
Кај глаголи образувани од именка или придавка означува промена, преминување во тоа што го значи именката или придавката од основата на глаголот.
потурчи, покатоличи, поевтини
полуди, посвои