побара
побараат; побаравме; побарал, побарале; побаран
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 561
1.
Посака да добие.
Примери:
Сестрите, што е право, ми даваат сѐ што ќе побарам.
Уште малку и газ ќе побараат.
Слично со:
посака (св.)
2.
Се потруди да најде.
Примери:
И којзнае по колку пати се будам да си ја побарам ногата.
Слично со:
тражи (несв.)
3.
Се обиде да воспостави контакт.
Примери:
Да не ми се лути нешто, си велам, и се вратив да ги побарам, да се простам.
Зошто не си ме побарал досега?
Слично со:
контактира (св. и несв.)
4.
Постави барање.
Примери:
Некои ќе побараат да застанеме, а мене не ми се седнува.
И после, кога се побаравме, кога се дофативме: чекај, ми ја налегна ногата, велам.
Изведенки
побарува несв.
побаруваат
побаруваат