повод
мн. поводи
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 1773
1.
Тоа што е поттик или околност да се преземе нешто за кое има друга причина.
Примери:
Сакаше да се шегува и во секоја работа наоѓаше повод за тоа.
Изрази
Даде повод (за нешто) - послужи како поттик за нешто.
Без повод - без оправдувања, без да е предизвикан.
По повод на - во однос на, во врска со нешто, поради нешто.