поврат
(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 33085
1.
Враќање на тоа што е земено.
Примери:
поврат на пари
Доби помош без поврат.
Спротивно од:
неповрат (м.)
2.
Враќање назад, на старото место.
Примери:
Оттаму поврат ќе нема.
На секој поврат дома, стражарот ме загледуваше.
Спротивно од:
неврат (ж.)
3.
Повторување престап, деликт.
Примери:
Злосторството извршено во поврат повлекува построга казна.