погледне
погледнат; погледни, погледнам, погледнете; погледнав, погледнаа; погледнал; погледнат; погледнев, погледнеа; погледнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 341
1.
Насочи за миг поглед кон некого, кон нешто.
Примери:
Го погледна право в лице.
Како ќе погледнам во некого, така овој ќе ја наведне главата.
Погледна во облаците и подзамижа.
2.
Се погрижи за некого, обрне, посвети внимание.
Англиски:
care
Албански:
shikoj, kujdesem
Остана сам, никој немаше да го погледне.
Слично со:
грижи (несв.)
3.
Разгледа, испита, земе под внимание.
Примери:
Ако погледнеме подобро, ќе дојдеме до подруг заклучок.
Погледнете од која сакате страна, состојбата не е добра.
Погледни да не има некоја грешка.
Слично со:
разгледа (св.)
4.
(се погледне) Насочи поглед кон себе.
Примери:
Се погледна и се позачисти малку.
5.
(се погледне) Насочи за миг поглед еден во друг.
Албански:
shikoj
Селаните збунето се погледнаа.
Изрази
Погледне (некому) низ прсти - не покаже строгост, попушти.
Погледне под око - погледне прикриено, потајно, без да се забележи.
Погледне напреку (накриво) - со нетрпеливост, непријателски.
Изведенки
1.
погледнува несв.
(се) погледнуваат
(се) погледнуваат
2.
погледнување ср.
глаг. им.
глаг. им.