погон
мн. погони
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 8320
1.
Сила што движи нешто.
Примери:
електричен погон
реактивен погон
2.
извор на сила
Примери:
Како погон се користи сончевата енергија.
И ветрот може да биде погон.
Слично со:
енергенс (м.)
3.
Дел од фабрика, од производствено претпријатие што се занимава со некој вид од процесот на производството.
Примери:
Отвориле нов погон во фабриката.
Го префрлија во погонот за ракотворби.
Слично со:
работилница (ж.)
4.
движење, работа, употреба
Англиски:
operation
Албански:
lëvizje, punë
Стави во погон.
Пушти во погон.
Исклучи од погон.
Испадне од погон.