под
Вид збор: Префикс
1.
Во образувањето глаголи означува глаголско дејство извршено под нешто, одоздола, на долната страна.
подметне, поткове, поткопа
потпали, потпише
2.
Глаголско дејство извршено во мала мера, донекаде.
подлавне, подроси, поткара
потпушти, потстане, поттргне
3.
Глаголско, прикриено слабо изразено дејство.
подлаже, подмигне, подрече
поткаже, поткупи, потплати
4.
Глаголско, целосно извршено дејство.
подготви, подмачка, поткине
5.
Одбие или направи да добие некој или нешто особина, својство на именката или на придавката од основата на глаголот.
подмлади, поткисели, потсоли, поткваси
6.
Во образувањето придавки и именки означува лице од понизок ранг, пониско звање од означеното со основниот збор.
Англиски:
vice
подофицер, потпретседател, потсекретар
7.
Кај придавки и именки дел, раздел во некоја целост, тоа што е на пониско ниво во претставата на некоја поделба, класификација.
поднаслов, потпрашање, подгрупа
8.
Кај придавки и именки дел, слој, простор, предмет што се наоѓа под означеното со основната именка.
Англиски:
under
подбрадок, потколеница, подочници, поднебје
подножје, потпокрив, подморница
9.
Кај придавки и именки тоа што се наоѓа под означеното со основната именка.
Англиски:
sub
подводен, подземен, поткожен
Изведенки
пот преф.
(пред безвучна согласка)
(пред безвучна согласка)