подвие
подвијат; подвиј, подвијте; подвив, подвија; подвил; (ќе) подвиев, (ќе) подвиеја; (ќе) подвиел; подвиен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 23192
1.
Свие на некој начин.
Примери:
Ја подви страницата на книгата, да се сети до каде стаса при читањето.
2.
Пораби облека или дел од облеката.
Албански:
bëj anëz
Мајката му ги подви ногавичките на детето и го пушти да шлапка по водата.
Шивачката го подви фустанот на означеното место.
Слично со:
пораби (св.)
3.
Свитка дел од телото под себе.
Примери:
Кучето ја подви опашката и избега.
Ги подви нозете под себе и така седна да ниже тутун.
Слично со:
свитка (св.)
4.
(се подвие) Се свие на некој начин.
Примери:
Ливчињата на цветот се подвиле.
Листот се подвил, та дури се стуткал.