подготви
подготват; подготвија; подготвил; подготвен; (ќе) подготвел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1870
1.
Направи, приготви однапред за постигање на некоја цел, намена.
Владата подготви неколку мошне важни закони од сферата на економијата.
Механичарите го подготвија авионот за лет.
Земјоделците ја подготвија земјата за есенска сеидба.
Тој подготви појадок за себе и за сестра си.
Слично со:
спреми (св.)
2.
Обучи за вршење на некоја работа, дејност.
Примери:
Тој добро го подготвил испитот.
Слично со:
обучи (св.)
3.
Создаде услови за осознавање на некоја вистина.
Примери:
Социјалните работници ги подготвија децата пред да им ја соопштат вистината за нивните родители.
4.
(се подготви) се спреми, се приготви
Примери:
Спортистите се подготвија за стартот на новата сезона.
Земјоделците се подготвија за есенската сеидба.
Таа се подготви набрзина за состанокот.
Тој добро се подготви за испитот по биологија.
Слично со:
приготви (св.)
Изведенки
1.
подготвува несв.
(се) подготвуваат
(се) подготвуваат
2.
подготвување ср.
глаг. им.
глаг. им.