подза
Вид збор: Префикс
Сложен префикс (под- и за-) со значење - извршеност на дејството на првично префиксираниот глагол (забрза) делумно, донекаде, во мала мера, во некоја мера.
подзабрза, подзаборави, подзаврзе
подзакопа, подзалепи, подзамати
подзагрози (некого), подзадржи, подзајакне
подзапрета, подзасади, се подзатрча
подзачува, подзашие