подизлиже
Види и:
излиже (св.)
подизлижат; подизлижи, подизлижете, подизлижав, подизлижаа, подизлижал, (ќе) подизлижев, (ќе) подизлижеа, (ќе) подизлижел, подизлижан
Вид збор: Глагол, свршен
1.
Излиже малку, само донекаде.
Англиски:
lick
Децата речиси го подизлижале мармаладот од чинивчето на масата.
2.
Истроши малку со триење, со честа употреба.
Англиски:
wear out
Чевлите си ги подизлижал на петиците.
3.
(се подизлиже) Се истроши, се излити од употреба.
Англиски:
wear out
Панталоните се подизлижале на колената.
Слично со:
излити (св.)
Изведенки
подизлижува несв.
(се) подизлижуваат
повт.
(се) подизлижуваат
повт.