а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

подлаже

подлажат; подлажи, подлажете; подлагав, подлагаа; подлагал; подлаган; (ќе) подлажев, (ќе) подлажеа; (ќе) подлажел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 21247
1. Лаже малку, има навика да лаже по малку.
Англиски: cheat Албански: gënjen nga pak
Примери:
Тој ќе подлаже овде-онде.
2. Мами во некоја мера.
Англиски: cheat Албански: mashtroj
Примери:
Тој ја подлажал девојката со слатки ветувања.
3. Залаже, смири за некое време некаква желба, потреба, глад и сл.
Албански: mashtrohem
Примери:
Парчето леб само го подлажа детето, уште беше гладно.
4. (се подлаже) Се лаже себеси малку, во некоја мера.
Англиски: cheat Албански: rrej, gënjej
Примери:
Таа се подлажа (себеси) дека сепак работите ќе се средат.
Тој се подлажа со кафето и заборави да руча.
Изведенки
1. подлажува несв.
(се) подлажуваат
Пример: Тој подлажува одвреме-навреме.
2. подлажување ср.
глаг. им.