поднадуе
Види и:
надуе (св.)
поднадујат; поднадуј, поднадујте; поднадув, поднадуја; поднадул; (ќе) поднадуев, (ќе) поднадуеја; (ќе) поднадуел; поднадуен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 44046
1.
Надуе малку, донекаде.
Примери:
Ја поднаду издишаната автомобилска гума, колку да може да вози до дома.
2.
Преувеличи, направи да изгледа поголемо, поважно одошто е.
Примери:
Тој знае да ги поднадуе работите.
3.
(се поднадуе) Се надуе малку, донекаде.
Примери:
Му се поднадуле кесенцата под очите од пиење и неспиење.
Изведенки
поднадува несв.
(се) поднадуваат
(се) поднадуваат