поднакриви
Види и:
накриви (св.)
поднакриват
Вид збор: Глагол, свршен
1.
Накриви, постави нешто накриво.
Примери:
Ја поднакривил капата и подоко гледа во момите.
2.
Накриви, искриви малку, донекаде.
Примери:
На неговите зборови таа само ја поднакриви устата и излезе од собата.
3.
(се поднакриви) Се накриви, се навали малку, донекаде.
Примери:
Товарот се поднакривил, да не падне.
Изведенки
поднакривува несв.
(се) поднакривуваат
(се) поднакривуваат