поднесе
поднесат; поднеси, поднесам, поднесете; поднесов, поднесоа; поднесол; поднел, поднесен, поднесев, поднесеа; поднесел; поднесено
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1527
1.
Предаде поднесок, писмено обраќање (молба, жалба, пријава) до надлежен орган заради решавање на некое барање.
Примери:
Директорот поднесе оставка.
Таа поднесе барање за социјална помош.
Слично со:
предаде (св.)
2.
Јавно изнесе, изложи, прочита нешто (соопштение, реферат, извештај, предлог, план) заради оцена, мислење или дискусија.
Албански:
paraqet
Уводно излагање поднесе претседателот на Одборот.
Извештај за работата на клубот во изминатите две години поднесе досегашниот претседател.
Слично со:
изнесе (св.)
3.
Претрпи тешкотии, страдање, болки, неправди, штета и сл.
Примери:
Тој го поднел ударот со насмевка.
Кутрите несреќници, трпеле и поднесувале сѐ.
Тој не можел да го поднесе срамот.
Слично со:
претрпи (св.)
4.
издржи
Примери:
Пациентот добро ја поднесе терапијата.
Тој згреши и ќе ја поднесе заслужената казна.
Тешко ја поднесувам силната горештина.
Слично со:
издржи (св.)
5.
Се помири, прими трпеливо.
Примери:
Тој добро ја поднесе болничката храна.
Оваа година пченицата поднесе многу ниски температури.
Тој не можеше да ја поднесе новата колешка.
6.
(се поднесе) Се трпи, издржува заемно, еден со друг.
Примери:
Тие двајца не можат да се поднесат.
Слично со:
трпи (несв.)
7.
(се поднесе) Се трпи, издржува самиот себе.
Албански:
mbahet në vete
Не можам да се поднесам ваков валкан.
Изведенки
1.
поднесува несв.
(се) поднесуваат
(се) поднесуваат
2.
поднесување ср.
глаг. им.
глаг. им.