подотпушти
подотпуштаат
Вид збор: Глагол, свршен
1.
Отпушти малку, донекаде.
Англиски:
release
Коњаникот ги подотпушти дизгините и коњот слободно почна да оди.
Жената за момент го подотпушти детето од рака.
Слично со:
олабави (св.)
2.
(се подотпушти) Се олабави, се ослободи од напнатост малку, донекаде.
Англиски:
relax
Подотпушти се малку, што си се стегнал.
Слично со:
релаксира (св. и несв.)
Изведенки
подотпушта несв.
(се) подотпуштаат
(се) подотпуштаат