а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

подрасплете

подрасплетат; подрасплети, подрасплетете, подрасплетов, подрасплетоа, подрасплел, (ќе) подрасплетев, (ќе) подрасплетеа, (ќе) подрасплете, подрасплетен
Вид збор: Глагол, свршен
1. Расплете малку нешто сплетено.
Примери:
Го подрасплете чорапот до скинатото место.
2. (се подрасплете) Се расплете малку, донекаде.
Примери:
Некој ми ги извадил иглите и џемперот се подрасплел.
Изведенки
подрасплетува несв.
(се) подрасплетуваат
повт.