а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

подучи

подучат; подучам; подучил; подучен; (ќе) подучел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 13470
1. Обучи некого нешто малку, во некоја мера.
Англиски: teach Албански: jap mësim
Примери:
Тој го подучи брата си како да постапи во таа ситуација.
Мајката ја подучи ќерка си што да прави кога ќе дојдат во куќата на момчето.
2. Учи малку, кратко време.
Англиски: learn Албански: jap mësim
Примери:
Подучи неколку дена и се јави на испит.
Подучи некое време и се откажа.
3. (се подучи) Се научи малку, донекаде.
Англиски: learn Албански: jap mësim
Примери:
Се подучи да шие и плете на машина.
Изведенки
1. подучува несв.
(се) подучуваат
2. подучување ср.
глаг. им.