поента
мн. поенти
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 5771
1.
Главна мисла, цел на исказот.
Овде нема поента, има само неповрзано искажување.
Тематско-содржинаска поента.
Поентата на неговиот исказ е јасна.
Слично со:
суштина (ж.)
2.
Срцевината на досетка или на анегдота.
Таа се смееше без да ја сфати поентата.