а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

поентер

мн. поентери
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 47445
1. Вид ловечко куче, англиски птичар.
Англиски: pointer Албански: poenter
Употреба: Зоологија
2. Личност што ги определува поените.
Албански: pikë ndarës
Примери:
Сега зависи од поентерот и од неговиот критериум за вредности.
3. Што постигнува поени, што е успешен во остварувањето на некаква цел.
Албански: poenter
Примери:
Тој е поентер за самиот себе.
4. Службено лице што бележи основни податоци за извршена работа.
Албански: njeri nën detyrë
Примери:
На крајот на неделата поентерот доаѓаше и запишуваше сѐ.
5. Општ насочувач, показател.
Англиски: indicator Албански: tregues
Примери:
Ние сега немаме поентер за да нѐ насочува.