поза
мн. пози
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 5297
1.
Положба, држење на телото.
Примери:
Предизвикувачка поза.
Таа се сликаше во иста поза.
Имаше слики од него во најразлични пози.
Комична поза.
2.
Наместено, неискрено, неприродно однесување.
Примери:
Сите нејзини убави зборови се само поза.
Тој е со големи литературни амбиции, со многу пози и надуеност.