позеленее
Види и:
зеленее (несв.)
позеленеат; позеленеј, позеленејте, позеленеав, позеленеаја, позеленеал, позеленеан, (ќе) позеленеев, (ќе) позеленееја, (ќе) позеленеел
Вид збор: Глагол, свршен
Стане зелено, добие зелена боја, ја менува бојата во зелено.
Англиски:
green
Најубаво е кога ќе позеленеат полињата и ливадите.
Позеленеа во лицето од лутина.
Веќе позеленееја бадемите, а уште е зима.
Изведенки
1.
позеленува несв.
позеленуваат
позеленуваат
2.
позеленување ср.
глаг. им.
глаг. им.