позлати
позлатат; позлатил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 15383
1.
Стави позлата на некој предмет.
Примери:
Таа ги позлати обетките.
Златарот ги позлати прстените.
2.
Направи да изгледа како злато.
Примери:
Есента ја позлати шумата над патот.
3.
Направи нешто благородно, добро.
Примери:
Сѐ што допре, позлати.
4.
(се позлати) Стане, добие изглед на злато.
Англиски:
gild
Албански:
bëhet e art, shkëlqen
Лицето ѝ се позлати од утринското сонце.
Изрази
Таа му го позлати патот - овозможи некому полесно да достигне нешто.
Устата да ти се позлати - она што го зборува некој да стане вистина, реалност.
Рацете да ти се позлатат - благослов за добро сторени дела.
Му се позлати работата - добие материјална или друг вид корист.
Изведенки
1.
позлатува несв.
(се) позлатуваат
(се) позлатуваат
2.
позлатување ср.
глаг. им.
глаг. им.