поколение
мн. поколенија
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 5064
1.
Генерација, потомство, луѓе речиси на иста возраст со слични сфаќања и што живеат во еден временски период.
Англиски:
generation
Албански:
brez, gjenerat
Традицијата се пренесува од поколение на поколение.
Секое човечко поколение има своја илузија.
Слично со:
генерација (ж.)
2.
Во семејните, фамилијарните односи, потомството во однос на заедничкиот предок.
Англиски:
descendant
Албански:
brez, pasardhës
Неколку поколенија живееле во оваа куќа.
Се радуваше на своето младо поколение.
Слично со:
колено (ср.)