пол
мн. полови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 5348
1.
Припадност на човек според определени физиолошки, психолошки, физички и телесни карактеристики - машки и женски пол; мажјак и женка кај животни.
Примери:
изедначување на половите
послабиот пол
Кој пол е детето?
2.
Една од двете крајни точки на замислената Земјина оска и просторот околу неа.
3.
Крајните делови од магнетот или од некаков енергетски синџир, две крајни точки (страни) со спротивни карактеристики.
Примери:
Магнетски пол.
Позитивен пол.
Негативен пол.
Два спротивни пола на една бинарна група.
4.
Нешто што е сосема спротивно.
Примери:
Тоа се два спротивни пола.
Изрази
Убав, нежен, слаб пол - за жена, за женски пол.
Посилен, погруб пол - за маж, машки пол.