а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пол

Вид збор: Прилог
Ранг: 6626
1. За време: половина, полу.
Англиски: half Албански: gjysmë
Примери:
еден и пол час
Часот е девет и пол.
Ќе дојдам за пол час (и полчас).
пол ден (и полден)
2. Половина, полу, количество приближно или точно до средина или до половина од нешто.
Англиски: half Албански: gjysmë
Примери:
Два и пол килограми.
Пол килограм кафе.
3. За должина и во други споеви.
Англиски: half Албански: gjysmë
Примери:
Дојде до пол пат и застана.
три и пол метри
два и пол поена
осумнаесет и пол бодови
Изрази
Остане на пол пат (полпат) - не ја доврши работата докрај, се најде во безнадежна состојба.
Јал, не јал - три и пол - како и да постапиш, исто ти се фаќа.