а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

полага

полагаат; полагал
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 7990
1. Става, клава, мести во хоризонтална положба.
Англиски: lay Албански: shtroj
Примери:
Тој секогаш рибата ја полага во овална чинија.
2. Вложува, верува во нешто, се надева, смета на нешто.
Албански: investoj
Примери:
Ние полагаме голема надеж во синот.
Во неа полагаме голема љубов и внимание.
Таа полага многу во нивната врска.
3. Излегува на испит, се подложува на проверка на сопствените знаења.
Англиски: take examination Албански: testohet
Употреба: Образование
Примери:
Учениците полагаат матурски испит.
Таа полага возачки испит.
4. Почнува со градба, става темели.
Англиски: lay ground Албански: ndërtim
Примери:
Денес тие ги полагаа темелите на новото училиште.
5. Дава заклетва, се заколнува.
Англиски: take oath Албански: jep betim
Примери:
Војниците полагаа заклетва.
Докторите полагаат свечена заклетва.
6. Поставува (става) венец.
Англиски: lay Албански: vendos
Примери:
Секоја година нашата делегација полага венец пред неговиот гроб.
7. Предава, дава сметки.
Англиски: give account Албански: jap mësim
Употреба: Преносно значење
Примери:
Јас никому нема да полагам сметки за својата работа.
Изведенки
полагање ср.
глаг. им.