а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

полифонија

мн. полифонии
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 34759
1. Многугласна музика, повеќегласно пеење или свирење, при што секој глас има полна мелодиска самостојност.
Англиски: polyphony Албански: polifoni
Употреба: Музика и танц
Примери:
Полифонија од звуци.
Полифонија на вокално-инструменталниот сегмент.
2. Својство на еден знак, лик да изразува повеќе значења.
Англиски: polyphony Албански: polifoni
Употреба: Литература , Преносно значење
Примери:
Полифонија од изрази.
Македонската модерна литература се збогати со полифонија.
Изведенки
полифониски прид.
полифониска
Пример: полифониска изведба, полифониски роман