полн
полни
Вид збор: Придавка
Ранг: 467
1.
Што е наполнет, исполнет до крај, целосно.
Примери:
полна чаша вино
полна тава јадење
2.
Што содржи многу.
Англиски:
full
полн двор луѓе
полна училница деца
полна соба мебел
полна куќа гости
Слично со:
многу (прил.)
3.
Исполнет, обземен со некакво чувство, страв, среќа и сл.
Примери:
полн со јадови
полн (со) немир
Обземен и полн од ненадејна среќа.
Полн (со) непријатни чувства.
Полн горчини и гнев.
Слично со:
исполнет (прид.)
4.
Дебел во некоја мера, со прекумерна тежина.
Англиски:
fatt
полни образи
Детето е полно, може да се рече и дебело.
5.
За оружје - што е подготвено, наполнето за стрелба.
Англиски:
loaded
Тие го чекаа со полни пушки.
полн пиштол
6.
целосен, комплетен, тотален
Англиски:
completely
полн опис
полн состав
под полна опрема
полн пораз
полн успех
полна анализа
Слично со:
целосен (прид.)
Изрази
Полни очи, празни раце - даде некому само да погледне, остане нешто само на гледање.
Полно срце - задоволен е од животот.
Под полна пареа - неуморно и вредно, со сета сила извршува нешто.
Полна месечина - нешто станува целосно, јасно и видливо.