полуди
полудат; полудете; полудев, полуде, полудеа; полудел; полудив, полудија; полудил; полуден
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 7682
1.
Стане луд.
Примери:
Старата полуди кога ја чу веста за смртта на синот.
Тој полуде откако му пропадна фирмата.
2.
Направи некој да стане луд.
Примери:
Тој го полуди синот со своите барања.
Последните случувања сосема ја полудија кутрата жена.
3.
Се однесува како луд.
Примери:
Таа полуди по неа.
Тој полуде по наградата.
Сите полуделе по новата модерна облека.
Изрази
Да полуди човек - да не знае што прави, што да мисли.
Изведенки
1.
полудува несв.
полудуваат
полудуваат
2.
полудување ср.
глаг. им.
глаг. им.