помеѓу
Вид збор: Предлог
Ранг: 298
1.
(пространствено значење) Место во средина, во внатрешноста, што разделува две или повеќе нешта.
Англиски:
between
Се наоѓа помеѓу периферијата и центарот.
2.
Временско разделување од еден до друг настан, период.
Англиски:
between
Помеѓу двете светски војни се случи најголемиот крах на берзата.
3.
Во средина на еднородни предмети, лица, појави.
Англиски:
between
Помеѓу двете навивачки групи се испречија десетина полицајци.
4.
Заемен однос.
Англиски:
between
Помеѓу жителите на двете села секогаш имало добрососедски односи.
Изрази
Помеѓу (меѓу) редови се чита - при читањето се открива вистинската смисла, намера на авторот, иако тоа не е кажано директно.