понуди
понудат; понудам; понудил; понуден
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 3151
1.
Предложи некому работа, услуга, спогодба, цена, стока; даде можност за избор, за согласност.
Примери:
Се жалеше дека местото што му е понудено не му одговара.
Тие станаа и ни понудија столови.
Пред неколку потези младиот противник му понуди реми.
Пазарџијата понуди добра цена.
Слично со:
предложи (св.)
2.
(се понуди) Предложи некому свои услуги, изрази подготвеност за соработка.
Примери:
Тој се понуди да го одведе до соседното село.
Момчето веднаш се понуди да помогне.
Изведенки
1.
понудува несв.
(се) понудуваат
(се) понудуваат
2.
понудување ср.
глаг. им.
глаг. им.