поприготви
Види и:
приготви (св.)
поприготват
Вид збор: Глагол, свршен
1.
Приготви, спреми малку, донекаде некого или нешто.
Англиски:
prepare
Тој ги поприготви парите за плаќање.
Мајката им поприготви храна за по пат.
2.
(се поприготви) Се приготви, се спреми малку, донекаде.
Англиски:
prepare
Ученикот се поприготви за натпреварот.
Изведенки
поприготвува несв.
(се) поприготвуваат
(се) поприготвуваат