а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

поразвие

поразвијат; поразвиј, поразвијте; поразвив, поразвија; поразвил; (ќе) поразвиев, (ќе) поразвиеја; (ќе) поразвиел; поразвиен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 47397
1. Развитка малку нешто свиено, завиено; расповие малку, донекаде.
Англиски: unwrap Албански: hap, shpalos
Примери:
Тој малку го поразви пакетот, колку да види што има.
Жената го поразви детето.
2. Развие малку, во некоја мера или развие малку повеќе.
Англиски: develop Албански: zhvilloj pak
Примери:
Постепено автомобилот поразви полна брзина.
Читањето ја поразви неговата љубов кон литературата.
Во тие услови тој можеше да ја поразвие својата политичка активност.
Успеав да ги поразвијам своите мисли.
Вежбите го поразвија, го зајакнаа неговото тело.
3. (се поразвие) Се развие малку, во некоја степен.
Англиски: develop Албански: zhvilloj pak
Примери:
Тоа лето детето се поразви во вистинско момче.
Изведенки
поразвива несв.
(се) поразвиваат