а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

поразголи

поразголат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Разголи, открие, подослободи од облека на телото.
Англиски: undress Албански: çvesh, zbuloj pak
Примери:
Ја раскопча кошулата и го поразголи вратот.
2. Облече лесна облека.
Албански: veshje e lehtë
Примери:
Се затопли и таа ги поразголи децата.
3. Изнесе јавно вистина за некого или нешто, разоткрие, обелодени малку, донекаде вистина за некого или за нешто.
Англиски: reveal Албански: zbuloj, demaskoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Таа во разговорот ги поразголи неговите планови.
4. (се поразголи) Се разголи малку, донекаде.
Англиски: undress Албански: çvishem pak
Примери:
Денот беше топол и сите се поразголивме.
Изведенки
поразголува несв.
(се) поразголуваат