а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

порастегне

порастегнат; порастегни, порастегнете; порастегнав, порастегнаа; порастегнал; (ќе) порастегнев, (ќе) порастегнеа; (ќе) порастегнел; порастегнат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Растегне малку, во некој степен.
Англиски: stretch Албански: tërheq, zgjas pak
Примери:
Тој ја порастегна жицата на гитарата.
2. (се порастегне) Се продолжи, се прошири малку, донекаде.
Англиски: stretch Албански: tërheq, zgjas
Примери:
Џемперот му се порастегна во ракавите.
3. (се порастегне) Се развлече, се одолжи малку.
Англиски: stretch Албански: zgjas pak
Употреба: Преносно значење
Примери:
Состанокот се порастегна.
Изведенки
1. порастегнува несв.
(се) порастегнуваат
2. порастега несв.
порастегаат