а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

посегне

посегнат; посегни, посегнете; посегнав, посегнаа; посегнал; посегнат; (ќе) посегнев, (ќе) посегнеа; (ќе) посегнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 5343
1. Испружи рака за да фати, земе, да направи нешто.
Англиски: reach Албански: zgjatem për të kap
Примери:
Тој посегна да ја земе книгата.
Старецот посегна в пазува и го извади писмото.
2. Се обиде да стори нешто лошо, да присвои туѓо, да нанесе штета некому.
Англиски: reach Албански: kap, marr
Примери:
Тој посегнал по нејзината чест.
Рацете му се тресеа кога посегна да го удри по образите.
Секој оној што посегнал кон нечесно дело, нема далеку да втаса.
3. Покаже, пројави интерес за нешто.
Англиски: reach Албански: tregon interes
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ти сигурно ќе се обидеш да посегнеш и кон нешто повеќе.
Тој посегна со погледот по неа.
При изборот на темите поетот посегнал по актуелните историски збиднувања.
4. (се посегне) Се испружи за да фати.
Англиски: stretch Албански: zgjatem për të kap
Изведенки
1. посега несв.
(се) посегаат
2. посегнува несв.
(се) посегнуваат
3. посегање ср.
мн. посегања
глаг. им.
Пример: Тоа се претвори во посегање и по дел од историјата.
4. посегнување ср.
мн. посегнувања
глаг. им.