посети
посетат; посетам; посетил; посетен; посетете
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2291
1.
Отиде кај некого на видување, на разговор.
Примери:
Утредента тие ги посетија своите роднини.
Новинарите побараа дозвола да те посетат и лично да разговараат со тебе.
2.
Отиде некаде, отиде да види некоја знаменитост или некое место.
Примери:
Тие го посетија родниот крај.
Учесниците го посетија Музејот на Македонија.
3.
За настан, состојба - дојде, настапи, се појави, настана.
Примери:
Но од кога знаел тој патник кога ќе го посети смртта.
Бргу го посети сонот.
4.
Пребара, види на интернет некаква содржина.
Примери:
За повеќе информации посетете ја нашата веб-страница.
Изведенки
посетување ср.
мн. посетувања
глаг. им.
мн. посетувања
глаг. им.