постави
постават; поставам; поставил; поставеше
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1468
1.
Стави нешто на определено место или определена положба.
Примери:
Во каналот поставија жица за електрика.
2.
Назначи некого за вршење определена должност, служба.
Примери:
Тие одлучија да го постават за управител на гимназијата.
3.
Намести, стави на определено место.
Примери:
Тој постави стража пред куќата.
Тој постави стапици во шумата.
Вечерта поставија заседа во селото.
Слично со:
распореди (св.)
4.
Стави за разгледување, за решавање.
Примери:
Прашањето го постави за дискусија.
Проблемот не е поставен на дневен ред.
5.
Организира сценска претстава.
Примери:
Авторот ја постави новата драма во МНТ.
Слично со:
режира (св. и несв.)
6.
основа, формира, создаде
Примери:
Тие ги поставиле основите на словенската писменост.
7.
Во состав на некои именки - изврши, оствари тоа што е означено со именката.
Примери:
Постави рекорд.
Постави дијагноза.
8.
(се постави) Заземе став, се стави во определен однос спрема средината (луѓето, појавите, настаните).
Примери:
Не знаеше како да се постави во семејството.
Изведенки
1.
поставува несв.
(се) поставуваат
(се) поставуваат
2.
поставување ср.