а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

постеле

постелат; постели, постелете; послав, посла, послаа; послал; послан; (ќе) постелев, (ќе) постелеа; (ќе) постелел; постелен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 3701
1. Раздипли, рашири нешто за да покрие некаква површина со неа.
Англиски: spread Албански: shtroj
Примери:
Подот го послаа со раскошен килим.
Ги послаа наземи палтата и седнаа.
На земјено душеме ја посла рогозината.
Домаќинката им посла за спиење.
2. Покрие, прекрие со нешто.
Англиски: cover Албански: mbuloj
Примери:
Масата ја посла со чаршаф и фати да ги реди чиниите.
Изрази
Како ќе си постелеш така ќе си легнеш - како што си направил, така и ќе добиеш.
Изведенки
1. постила несв.
постилаат
2. постилање ср.
глаг. им.